Претседателот Бранко Црвенковски треба да одлучи дали листата со имињата на тринаесет дипломати е прифатлива тие да заминат во 13 макеоднски дипломатски претставништва и мисии. Владиниот портпарол Ивица Боцевски денеска соопшти дека Владата му го доставила списокот на претседателот:
- Станува збор за 13 амбасади и мисии на РМ. Тоа се амбасадите во Букурешт, Романија, во Белград, Србија, во Лондон, Обединетото Кралство, во Сараево, БиХ, во Белгија, во Брисел, мисијата во НАТО, амбасадата во Загреб, Хрватска, во Мадрид, Кралството Шпанија, во Киев, Украина, во Подгорица, Црна Гора, во Доха, во Катар, Чешката Република и во мисијата на ОН во Њујорк.
Тој тврди дека при составувањето на листата е испочитуван договорот тоа да биде професионалци од МНР. Се надеваме дека и претседателот ќе го испочитува договореното и ќе ја прифати листа, вели владиниот портапрол:
-Предложените имиња се од редовите на амбасадори, ополномоштени министри, министри советници, дипломати-професионалци од МНР. Очекуваме г-динот Црвенковски да го испочитува договореното и ќе ја прифати оваа предложена листа од страна на Владата.