Денешната одлука е дел од ревидирањето на американските безбедносни процедури по минатомесечното загинување на најмалку 11 ирачки цивили. Тие го загубија животот откако вработени во приватната безбедносна компанија Блеквотер отвориле оган додека заштитувале американски дипломатски конвој во Багдад.
Новите процедури вклучуваат и инсталирање на видео-камери во возилата на обезбедувањето и снимање на радио-комуникацијата меѓу конвоите и американската амбасада.
Блеквотер е најголемата од трите приватни компании за безбедност што пружаат заштита на американските дипломати во Ирак.
Официјалната ирачка истрага за инцидентот што се случи минатиот месец утврди дека обезбедувањето отворило оган без претходна провокација. Американската армија води своја истрага, и, според пишувањето на Вашингтон Пост, утврдила дека обезбедувањето употребило прекумерна сила во инцидентот.
Неделава на распит во Конгресот, првиот човек на Блеквотер Ерик Принс рече дека постапката на неговите вработени е оправдана, бидејќи била чисто во одбрана.