Линкови за пристапност

Керим повика светската заедница да реагира на климатските промени


Срѓан Керим синоќа истакна дека последните извештаи за забрзаното топење на Арктикот ги вознемириле експертите и дека човештвото мора будно да ја следи ситуацијата. Тој рече дека климатските промени биле главно прашање на овогодишната дебата, како и дека делегатите испратиле силна политичка порака дека дошло времето за акција.

Останати тема на дебатата, што започна на 25-ти септември, беа ситуацијата во Бурма, каде армиските владетели презедоа акција против про-демократски настроените демонстранти, потоа ситуацијата на Блискиот Исток, како и онаа во Дарфур, тероризмот и глобалните трговски прашања.

На Собранието беа разгледани и напорите за постигнување на милениумските развојни цели на ОН до 2015-та, што вклучуваат намалување на сиромаштијата на половина, спечување на ширењето на СИДА-та и пружање на основно образование за сите.

XS
SM
MD
LG