Сите политички сили во Македонија треба да се обединат за да им излезат во пресрет на важните случувања што и претстојат на земјата.
Ова е пораката што денеска, на крајот од дводневната посета на Скопје , ја упати генералниот секетар на ОБСЕ Марк Перин де Бришамбо.
„На Македонија е претстојат важни случувања, а исти така и на регонот. Сигурен сум дека сите луѓе овде, сите политички сили и сите сегменти во општеството ќе им излезат во пресрет на тие случувања“, изјави тој по средбата со претседателот Бранко Црвенковски.
Односите меѓу Македонија и ОБСЕ во изминатите 15 години, тој ги оценува како “досие на изградба на кохабитација, заеднички респет и разбирање во рамките на владеењето на правото, со напредок во однос на сите граѓански слободи и слободата на печатот“.
Де Бришамбо ги осудува неодамнешните инциденти во македонскиот Парламент и се надева дека претседателот Црвенковски во Брисел ќе објасни дека тоа е само изолиран случај.
“Инцидентите се предизвикани и создадоа тензија само меѓу одделни политички стриктури, но не и меѓу граѓаните“, му рекол Црвенковски на генералниот секретар на ОБСЕ. Како што се вели во соопштението од претседателскиот Кабинет, сега Македоија има други приоритети, а тоа е достигнуавње на стандардите и исполнување на условите и критериумите за нејзино евроатлатско интегрирање.
На средбата со македонскиот премиер Никола Груевски, тој ја пофалил соработката со Мисијата на ОБСЕ во изминатите 15 години, како успешна, која и придонела за зголемување на капацитетите на државните органи, додека Де Бришамбо го истакнал исклучителниот напредок што Македонија го прави во однос на реформите.