Линкови за пристапност

Осуда за владата на Бурма


Советот составен од 47 земји членки со седиште во Женева денес донесе резолуција со консензус дека го осудува „тепањето, убивањето и неоснованото притворање“ спроведувано од бурманските безбедносни сили.

Претходно, највисокиот претставник за човекови права на ОН Луиз Арбор ја повика Бурма да поднесе „целосна сметка“ за бројот на убиени и ранети протестанти во текот на задушувањето на протестите мината недела.

Специјалниот пратеник Ибрахим Гамбари се сретна со генералот Тан Шве во новиот главен град- Најпитау, по денови на одлагање. По средбата со Тан Шве, тој се вратил во Рангун и се сретнал по втор пат со притворениот опозициски лидер Аунг Сан Су Ки. Нема детали за разговорите.

Се очекуваше тој да изврши притисок врз генералот и неговата влада за да запре репресијата врз демонстрантите, да се ослободат приведените и да се придвижат во правец на вистински демократски реформи.

После разговорите со Аунг Сан Су Ки, Гамбари заминал од Бурма за Сингапур. Подоцна тој заминува за Њујорк за да го извести Генералниот секретар на ОН Бан-Ки Мун за неговата мисија.

Претставникот на ОН, Арбор, побара Бурма да објави информации за местата на престој и состојбата на илјадниците протестанти кои според ОН биле уапсени. Таа изрази загриженост за исчезнувањето на Бурманските монаси кои раководеа со протестите.

Високо рангираниот американски дипломат Шари Вилароса изјави дека нејзиниот персонал посетил неколку манастири кои ги нашле празни а други биле опколени од Бурмански трупи.

Бурманските лидери велат дека 10 луѓе загинале во протестите последната недела, и тие ги нарекуваат протестантите политички опортунисти. Бурманска десидентска група вели дека биле убиени над 200 протестанти.

XS
SM
MD
LG