Претседателот Буш повика на акција против глобалното затоплување, но вели таа мора да биде спроведена на таков начин што нема да го наруши економскиот развој.
Господинот Буш денес зборуваше во Стејт Департментот каде најголемите светски загадувачи, вклучувајќи ги САД, Кина и Индија, имаа средба на која разговараа за климатските промени.
Американскиот претседател призна дека САД се дел од глобалниот проблем. Но тој вели дека секоја нација мора да реши за сопствената употеба на „правилно комбинирани средства и технологија во борба против глобалното затоплување“.
САД, Кина и Индија се спротиставуваат на задолжителната забрана на јаглеродните гасови како што бараат повеќето европски земји и Обединетите нации.
Господинот Буш предложи основање на меѓународен фонд за истражување на еколошки енергетски технологии.
Критичарите тврдат дека конференцијата е дизајнирана да ги спречи иницијативите од ОН за периодот по завршување на протоколот од Кјото.
Претседателот Буш ги отфрли договорот кој повикува за задолжително укинување на емисијата на штетни гасови кои го предизвикуваат глобалното затоплување, со образложение дека тоа ќе ја забави американската економија, како и заради тоа што не ги вклучува растечките економии како Кина и Индиа.
Тој не присуствуваше на состанокот за климатските промени кој се одржа во Обединетите Нации, каде свои претставници имаа над 150 држави од кои 70 беа шефови на држави.