Линкови за пристапност

Македонски граѓанин киднапиран во Авганистан


Триесетогдишен Албанец родум од Тетово вработен во Меѓународниот црвен крст пред два дена е киднапиран во Авганистан. Тој бил во група со уште четворица хуманитарни работници кои преговарале за ослободување на германски заложник.

Веста за киднапираниот македонски државјанин ја потврдуваат и од Министерството за надворешни работи. Но не откриваа детали за, како што велат, да не се загрози операцијата за нивно ослободување. Во постојан контакт се со Меѓународниот црвен крст.

-Со МНР сме во близок контакт. Станува збор за цивил, а не за воено лице, вели министерот за одбрана Лазар Еленовски

Засега не се соопштува ниту името на киднапираниот заради заштита на неговото семејство. Само се вели дека тој веќе три години се занимавал со хуманитарна работа во повеќе земји.

XS
SM
MD
LG