Линкови за пристапност

Средба на Груевски  со меѓународните претставници


ОБСЕ ќе спроведе целосна истрага за инцидентите во македонскиот Парламент од пред два дена. Ова е резултат на средбата на премиерот Никола Груевски и спикерот на Парламентот Љубиша Георгиевски со претставниците на САД, ЕУ, НАТО и ОБСЕ.

Меѓународната заедница е разочарана од она што се случи во Парламентот, изјави по средбата европретставникот Ерван Фуере.

-Бараме од ОБСЕ, се разбира, најитно, да спроведе целосна истрага, заедно со дејствата против вашите колеги. И тоа е тоа. Се надеваме дека сето тоа ќе биде во насока на обновување на климата на доверба во Парламентот. Истрагата се разбира мора да биде целосна. Има илјадници верзии за тоа што се случило, но оние кои биле одговорни се целосно свесни за она што го сториле и мора да одговараат, за да се избегне вчерашната застрашувачки настан во Парламентот, што е лош имиџ за земјата, вели Фуере.

Средбата на премиерот Груевски со меѓународните претставници се толкува како обид да се ублажи евентуалното негативно влијание на завчерашните настани врз меѓународните оценки за Македонија во очекување на покана за челнство во НАТО и датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

XS
SM
MD
LG