Линкови за пристапност

Генерално собрание на ОН:  САД најавија санкции против Бурма


Американскиот претседател Џорџ Буш го

искористи обраќањето да упати критика врз неколку влади, вклучувајќи ја Бурма, за која најави нови санкции.

Буш рече дека САД ќе ги зајакнат економските санкции и ќе ја прошират забраната за издавање визи за бурманските лидери.

- Ќе продолжиме со поддршката на хуманитарните групи кои работат на намалување на страдањата во Бурма. Ги повикуван ОН и сите нации да ги искористат дипломатските и економски средства и да му помогнат на народот во Бурма да си ја врати слободата, кажа американскиот претседател.

Американскиот лидер уште ја критикуваше Сирија, Белорусија, Северна Кореја, Судан и Иран за кршење на човековите права. Буш го окарактеризира однесувањето на владата на претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе како „напад врз сопствениот народ“

Кубанската делегација ја напушти салата за време на критиките на претседателот Буш на адреса на Фидел Кастро. Никарагванскиот претседател Даниел Ортега подоцна во своето обраќање подоцна го нападна Буш за „недостаток на почит“ кон Кастро и потенцираше дека САД еднаш се обидоа да извршат атентат врз кубанскиот лидер.

Во обраќањето во генералното собрание, францускиот претседател Никола Саркози изјави дека Иран има право на нукеларна енергија за цивилна употреба, но рече дека да му се дозволи на Техеран да се стекне со нуклеарно оружје би претставувало “неприфатлив ризик“:

- Во име на Франција, салам да кажам дека оваа криза може единствено да се разреши со одлучност и дијалог, рака-под-рака. Франција ќе дејствува во тој дух.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун ги повикува светските лидери да ги поддржат промените во рамки на организацијата за, како што кажа, подобро справување со бројните предизвици:

- Мојата визија е организација фокусирана на резултати – ефикасна, со насока, прагматична и одговорна – која ќе биде пример за одлична работа, интегритет и гордост во службата за глобално добро.

Речиси 100-тина претседатели и премиери ќе учествуваат на средбата во Њујорк што ќе трае до наредната среда.

XS
SM
MD
LG