Линкови за пристапност

Фуере: Владата и партиите треба да го усвојат извештајот


Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија кон евроинтегрирањето, ќе биде објективна прoценка на онаa што земјата досега го постигнала. Ова е ставот на европретставникот во Македонија Ерван Фуере во очекување на оценката на Комисијата, од што зависи и добивањето датум за почеток на преговорите за членство. Тој, според него треба да биде водич за чекорите на Владата во следната година:

-Навистина е битно сите сектори на општеството, Владата и политичките партии да го усвојат овој извештај како нивен и да го гледаат како водич за работата на Владата во слендите 12 месеци, со цел да се придвижат нанапред со поголема брзина особено во областите кои ќе бидат посочени како области во кои не е постигнат успех каков што би требало да биде постигнат.

Тој предупреди дека извештајот не треба да биде искористен за партиска промоција:

-Исто така е важно овој извештај да не биде искоритсе од полтиичките партии за нивни сопствени партиски интереси, бидејќи тоа е извештај за целата држава. Затоа е важно сите политички партии да го прифатат, да го усвојат и да работат заеднички, со дух на заедништво и консензус, за да речат еве еден објективен извештај, проценка за тоа до каде сме стигнале и што треба да направиме.

XS
SM
MD
LG