Џорџ Буш беше дециден во однос на Северна Кореја која порано годинава се согласи да ги растури своите нуклеарни постројки.
- Очекуваме да го исполнат ветеното и да се откажат од оружјето и програмите за него. Што со однесува до ширењето на оружјето, очекуваме да запрат.
Пјонгјанг неделава негираше дека помага во нуклеарната програма на Сирија. Поранешниот израелски лидер Бенџамин Нетанјаху, пак, јавно дискутираше за наводен израелски воздушен напад во Сирија. Според медиумски извештаи, било нападнато или иранско оружје за герилците на Хезболах во Либан, или пак нуклерана постројка во Сирија изградена со севернокорејска технологија.
Буш не сакаше да коментира на новинарско прашање за нападот.
За иранските нуклеарни амбиции, пак, претседателот Буш коментираше дека светот нема да толерира Техеран да развива знаења како да изгради оружје.
Францускиот министер за надворешни работи Бернард Кушнер во неделата кажа дека меѓународната заедница треба да се подготви за можноста за војна против Иран. Буш синоќа избегна секаква дискусија во тој правец, велејќи дека целта е прашањето да се реши -дипломатски