Десетици илјади демонстранти од ширум САД синоќа се собраа на протест во Џина, мал град на југот на Луизијана, за да свртат внимание на, како што наведуваат, расистичкиот третман на група ученици-црнци, вмешани во физичка пресметка во локалното училиште.
Истакнати лидери за граѓански права кои говореа на собирот во Џина го споредија со демонстрациите за расна еднаквост во САД од 60-те години на минатиот век.
По неколкумесечни тензии на расна основа во училиштето, шестмина ученици од афро-американско потекло беа обвинети за обид за убиство за претепување на нивен соученик-белец. Подоцна обвинението против четворица од нив беше намалено, а судот ја поништи казната 15 години затвор за петтиот ученик.
Па сепак, водачите за граѓански права велат дека третманот на обвинетите само го илустрира расизмот што се` уште се провејува низ јужните американски сојузни држави, како и во судскиот систем.