Линкови за пристапност

Стејт департментот за канадското признавање на Македонија под уставното име


„Право на Канада е самата да реши“ - вака заменик-портпаролот на Стеjт департментот Том Кејси коментираше на прашање на грчки новинар за признавањето на Македонија под уставното име од страна на Канада. Тој рече и дека очекува да продолжат преговорите меѓу Македонија и Грција во врска со името.

На потпрашање дали признавањето од Канада, како и она претходнотo од САД, и` помагаат на Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ, Кејси возврати дека се работи за индивидуални одлуки на индивидуални земји за статусот и за тоа под кое име ќе ја признаат Македонија, но дека не гледа како тие би имале некакво влијание во врска со членството во Унијата и НАТО.

XS
SM
MD
LG