Исламска веб страница вели дека наскоро ќе објави нова видео снима од лидерот на ал-Каида кој објавува војна на пакистанскиот претседател Первез Мушараф и на армијата на државата.
Неколку часа пред тоа Ајман ал-Завахири, заменикот на бин Ладен, се појави на ново видео со осудувачка порака до пакистанската армија заради акцијата на Црвената Џамија во јули во Исламабад, која беше преземена од милитанти.