Линкови за пристапност

Годишен извештај на Стејт департментот за земји-произведувачи на дрога


Американската влада тврди дека Авганистан, Бурма и Венецуела минатата година “покажливо со конкретни примери“ не успеале да ги испочитуваат меѓународните договори за сузбивање на трговијата со дрога. Во годишниот извештај на американската Влада дваесет држави во светот се посочени како најголеми производители на наркотици или како транзитни земји низ кои се шверцува дрогата, а кои не презеле адекватни мерки против тоа.

Истите 20 земји се повторно на таканареченета „главна листа“ како и минатите две години, и повторно Венецуела и Бурма предизвикуваат особена грижа кај американската влада.

- Венецуела несомнено е се` пофрекфентна транзитна и транспортна точка за дрогата наменета за САД и европските земји. Таквата ситуација истовремено ја овозможуваат и ја користат корумпирани официјални лица, а тоа создаде слабо судство и овозможи организиран криминал, вели заменик-помошникот државен секретар Кристи мек Камбел.

Бурма е најголем производител на метамфетамин таблети и нивното производство и натаму расте.

Авганистан исто така високо котира на листата. Неодамнешен извештај на ОН обелодени дека производството на опиум достигнало рекордно ниво – на земјата отпаѓаат 93 проценти од хероинот, морфинот и други опијати на светскиот пазар. Ваква е ситуацијата и покрај напорите на владите на САД, Британија и Авганистан за искоренување на насадите со афион.

Мек Камбел подвлече дека претседателот Буш сепак му оддава признание на Авганистан за глобалната стратегија за сузбивање на трговијата и производството на дрога:

- Во 13 северни провинции сега нема насади со дрога. Тоа е седум повеќе од минатата година. На север на земјата, подобрената безбедност овозможи алтернативни развојни програми да имаат ефект и им помогна на земјоделците да ја подобрат својата економска состојба.

На листата се наоѓаат уште 13 земји од Латинска Америка и Карибите - Боливија, Бразил, Колумбија, Доминиканската Република, Еквадор, Гватемала, Мексико, Панама, Парагвај, Перу, Хаити, Бахамите и Јамајка), уште три земји од Азија – Пакистан, Индија и Лаос, како и една од Африка – Нигерија.

XS
SM
MD
LG