Линкови за пристапност

САД:  намалена каматната стапка


Американската централна банка по првпат во последните четири години ја намали клучната каматна стапка, во обид да помогне на економијата да избегне рецесија

Во изјавата на Комисијата за отворен пазар на Федералните резерви стои дека најновиот развој на настаните на финансиските пазари ја зголемил неизвесноста во однос на американските економски перспективи. Комисијата ја намали стапката на федерални фондови за половина процент на ниво од 4 запирка 75 проценти. Оваа стапка го одредува износот што банките го плаќаат кога позајмуваат една од друга. Таа е главно средство со кое Федералните резерви влијаат на американската економија.

Инвеститорите се надеваа на намалување на каматната стапка за да се смири ситуацијата на финансиските пазари, кои неодамна доживеаа флуктуации поради напнатоста во секторот на недвижнини и кредитниот сектор.

XS
SM
MD
LG