Линкови за пристапност

САД во подготовки за блискоисточна мировна конференција


Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска ќе замине во дводневна посета на Израел и палестинските територии.

Рајс во Ерусалим ќе има средба со израелскиот премиер Ехуд Олмерт, а на Западниот Брег ќе се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Таа ќе се обиде да го потготви теренот за регионалната конференција планирана за ноември, под покровителство на САД, а фокусот на разговорите ќе биде израелско-палестинскиот мир и палестинската државност.

XS
SM
MD
LG