Линкови за пристапност

Реакции на францускиот коментар за иранската нуклеарна програма


Русија и Кина изразија загриженост за евентуалната употреба на сила против Иран, по коментарот на Франција во кој предупредува на можноста од војна поради нуклеарната програма на Техеран.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Москва е загрижена поради извештаите дека сериозно се разгледува можноста за воена акција против Иран. Тој ова го кажа по средбата во Москва со неговиот француски колега Бернард Кушнер.

Кинеското Министерство за надворешни работи преку портпарол соопшти дека Пекинг е против, цитираме, неконтролираната закана за употреба на сила во меѓународни прашања.

Во неделата, францускиот министер за надворешни работи предупреди дека светот би требало да се подготви за можност од војна против Иран, доколку пропаднат преговорите за иранската нуклеарна програма.

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска го отфрли предупредувањето, велејќи дека тоа е само коментар наменет за медиумите и дека не треба да се сфаќа сериозно.

XS
SM
MD
LG