Линкови за пристапност

Монтереј фестивалот наполни 50 години


На еден од најстарите џез фестивали во светот од 21-ви до 23-ти септември годинава се очекува рекорден број посетители.

Првиот Монтереј џез фестивал се одржа во октомври 1958-ма и само неколкумина изведувачи се` уште се меѓу живите, како пијанистот Дејв Брубек, кој настапувал заедно со Луис Армстронг, Гери Мулиган, Били Холидеј и „Модерн Џез Квартет“.

И саксофонистот Сони Ролинс е меѓу пионерите на фестивалот. Тој годинава заедно со Брубек ќе се врати на сцената.

Оригиналната локација на Монтереј е во истоимениот град во Калифорнија, но со текот на годините, она што почна како џез фестивал, стана нешто повеќе. Во 1966-та на него по првпат се слушна и рок и блуз, преку настапите на „Џеферсон Еарплејн“ и Мади Вотерс. Подоцна се приклучија Џенис Џоплин, „Блад, Свет Енд Теарс“ и Реј Чарлс, а по нив следеа латино-џез и фанк групи.

Годинава на фестивалот ќе се изведува музика истовремено на девет сцени. Покрај Брубек и Ролинс, ќе настапат и ветераните Орнет Колеман, Џим Хол, Дејв Холанд, Кени Барел и Ернестин Андерсон.

XS
SM
MD
LG