Линкови за пристапност

Буш: дел од американските сили ќе се вратат дома за Божиќ


Господинот Буш кажа дека ќе ги следи препораките на генералот Дејвид Петреус за трајно повлекување на 5700 американски трупи до декември. Тој исто така одобри намалување на борбените бригади во Ирак од 20 на 15 до следниот јули. Тој потег значи намалување на бројот на војниците на околу 130 илјади што е исто ниво како пред испраќањето на дополнителните 30 илјади годинава. Тој кажа:

-Американците сакаат нашата земја да биде безбедна и нашите трупи да почнат да се враќаат дома. Сепак, меѓу нас, што веруваме дека клучно за за нашата безбедност е успехот во Ирак и оние меѓу нас кои веруваат дека треба да ги вратиме трупите дома – имаше несогласување. Сега, заради одредениот успех што го гледаме во Ирак, може да почнеме со враќање на војниците.

Господинот Буш го повтори тврдењето дека локалните сунитски лидери во провинцијата ал-Анбар се приклучиле на страната на американските и ирачките сили против ал-Каида. Тој исто така повторно го поврза успехот во ирак со безбедноста на Американците од терористи.


Но многу американски законодавци во САД изразија сомневање дека ирачките сили можат да ја завршат работата ако американските трупи заминат. Претседателот исто така кажа дека ирачките политички лидери мора повеќе да се заангажираат на полето на помирување.

Сепак, тој апелираше до Конгресот да ги остават настрана партиските разлики и да ги поддржат неговите и препораките на генералот Петреус.


На говорот на претседателот од името на Демократската партија реагираше сенаторот Џек Рид – поранешен припадник на американската армија. Тој кажа дека Америка мора да го смени курсот во Ирак:


-Ние направивме план за набрзо да започнеме со намалување на трупите. Нашиот предлог не може да ги избрише грешките од претходните 4,5 години, но барем ќе може да трасираме подобар пат за иднина.

Претседателот кажа дека побарал од генералот Петреус и од од амбасадорот Крокер да да поднесат нов извештај за Ирак до Конгресот, во март.

XS
SM
MD
LG