Линкови за пристапност

Во Суматра во тек е проценка на штетата


Доцна вечерта во четвртокот, друг земјотрес ја погоди Суматра. Индонезиските власт по пети пат во овој ден предупредија за цунами.

Научниците од Американската Геолошки институт измериле дека земјотресот бил со првична магнитуда од 6,3 степени, лоцирајќи го епицентарот западно од Суматра.

Првиот и најголем земјотрес, со јачина од 8,4 степени се случил во средата вечер по локално време во близина на градот Бенкулу. Оттогаш имаше најмалку четири други поголеми потреси и над 20 значителни повратни удари.

Една меѓународна хуманитарна агенција вели дека нејзини тимови известиле за значително уништување на Суматра, со голем број на разурнати куќи.

Земјотресот што се случи рано во четвтокот и го погоди централниот дел на Суматра, во близина на градот Панданг беше почувствуван во соседен Сингапур и во Малезија. Неколку згради се урнаа или беа сериозно оштетени.

Властите изјавија дека друг земјотрес со јачина од 6,4 степени се случил на источниот остров Сулавеси. Детали за можните разурнувања не се познати.

Во декември 2004, цунами предизвикани од подводен земјотрес уби приближно 230 илјади луѓе во близина на брегот на Индискиот океан, вклучувајќи 160 илјади луѓе во Индонезиската провинција Аче.

Сеизмичката активност Индонезискиот архипелаг се должи на локацијата на вулкански лак и други фактори на нестабилност со кои е опкружен Пацифичкиот Басен.

XS
SM
MD
LG