Линкови за пристапност

Земјотрес во Индонезија, се стравува од цунами


Научниците во американскиот геолошки центар велат дека епицентарот на денешниот земјотрес бил повеќе од 600 километри северозападно од индонезискиот главен град Џакарта и на длабочина од 30 километри.

Земјотресот бил со јачина од 7,9 степени.

Земјотресот се случил во близина на брегот на Западна Суматра околу 6.10 по локално време и урнал најмалку една зграда во Бенкуку град што се наоѓа во близина на епицентарот на земјотресот.

Сеуште не е јасно колкава е штетата но има различни извештаи за урнати објекти. Пацифичкиот центар за предупредување од цунами вели дека земјотресот има потенцијал за генерирање големи бранови на цунами што може да имаат досег по целата крајбрежна линија на басенот на Индискиот океан.

XS
SM
MD
LG