Предлогот на Путин за нов премиер ја објави Борис Гризлов, претседавач на долниот дом на парламентот.
Гризлов вели дека претседателот на Руската федерација го предложил името на Виктор Зубков до државната Дума за нов раководител на владата. Во моментот тој е раководител на Федералниот финансиски сервис за мониторинг.
Зубков кој е непознат за руската јавност, ги истражуваше финансиските престапи во Русија. Гризлов забележува дека Зубков исто така бил директор на земјоделско стопанство и на комунистичката партија во Ленинградскиот регион.
Ленинград, родното место на Путин е советското име за Санкт Петербург.
Премиерот Михаил Фрадков ја поднесе оставката до претседателот Путин на јавната средба на националната телевизија. Путин веднаш ја прифати оставката на Фрадков, заблагодарувајќи му се за развојот на економијата, растот на платите и намалувањето на инфлацијата.
Фрадков вели дека тој и целиот кабинет ја поднеле оставката за да му ја дадат неопходната слобода на Путин пред претстојните парламентарни и претседателски избори. Оваа слобода вели тој вклучува слобода за назначување нови кадри во владата.
Одговорот на претседтаелот Путин упатува на тоа дека новиот премиер може да ја наследи и претседателската функција.
Рускиот претседател кажа , „можност е сите заедно да размислуваме каква треба да биде структурата на владата и раководењето со цел што подобро да одговориме на предизборниот период и да ја подготвиме земјата за периодот после парламентарнте и претседателските избори.
Руските политички аналитичари долго време ги сметаа Сергеј Иванов и Димитриј Медведев, и двајцата заменици премиери како фаворити за премиерската позиција.
Но Андреј Кортунов, раководител на фондацијата Евроазија во Москва, вели дека Путин беше мајстор на изненадувачките решенија. Кортунов вели дека Зубков треба да биде, како што тој го нарекува, технички претседател кој може да ги чува отворени вратите за евентуалното враќање на Путин како лидер на Кремљ.
Зубков, вели Кортунов, нема сопствена база на моќ, тој е на околу 66 годишна возраст, нема политички амбиции и Путин него лично го познава од градоначалничката канцеларија во Ленинград. Според Кортунов тоа е логиката на изборот.
Рускиот устав забранува претседателот да има два последователни мандати . Тоа го принуди Путин да не може да се кандидира следната година, но не и да учествува во трката во 2012. Следните претседателски избори Русија ќе ги одржи во март.