Линкови за пристапност

Втор ден на распит во Конгресот за Ирак 


Републиканскиот сенатор Чак Хегел скептично ги запраша претставниците да ја објаснат мудроста на испраќање дополнителни американски трупи и трошење дополнителни средства во војната. Републиканскиот сенатор Ричард Лугар зборуваше за потребата од долгорочно планирање.

Амбасадорот Рајан Крокер на сенатскиот распит рече дака има огромна количина на, како што рече, дисфункционалност во ирачката централна влада. Но тој кажа дека напредок на локално ниво може да поттикне национално помирување.


Генералот Дејвид Петреус нагласи дека напливот на американски трупи функционира, и дека очекува да започне редуцирање на бројот на американските трупи во текот на следната година. Претседателот Буш нареди засилување на трупите за да се намали насилството и да се даде време на ирачката влада подобро да се организира.

Демократскиот сенатор Џо Бајден кажа дека Американците нема да поддржат војна „чија единствена преостаната цел е да се спречи ситуацијата да стане полоша“.

Тој тврдеше дека е време да се прекине со напливот.

Генералот Петреус кажа дека осуммесечното засилување на трупите довело до намалување на насилството и бројот на жртвите и дека другите воени цели се во голема мерка исполнети. Тој рече дека 30-те илјади дополнително испратени трупи може да бидат дома до средината на следната година.

Амбасадорот Крокер рече дека напуштање на американските напори може да предизвика масовно човечко страдање и можен регионален конфликт.


Генералот кажа дека е охрабрен што некои племенски лидери во Анбар провинцијата ја отфрлиле ал-Каида и дека тој тренд во Ирак се шири на други области. Тој исто така рече дека ќе поднесе друг извештај за ситуацијата во Ирак следниот март.

Излагањата пред Претставничкиот дом и пред Сенатот беа прекинувани на неколку пати од анти-воени протестанти, кои беа изведени од салата и уапсени.

XS
SM
MD
LG