САД претходно годинава го засилија своето присуство во Ирак со 30 илјади војници за да го спречат секташкото насилство.
Виши армиски лидери, меѓу кои и некои членови на Американскиот Генералштаб, се за побрзо повлекување на засилувањата, загрижени за товарот од војната во Ирак врз армијата во целост. Кон средината на месецов, генералот Дејвид Петреус и амбасадорот во Ирак пред Конгресот ќе дадат отчет за тоа дали владината стратегија во Ирак дава резултати.