Американскиот главен преговарач за нуклеарните прашања Кристофер Хил изјави дека поканата е „уште еден важен чекор“ кон денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.
Во изјавата пред почетокот на Самитот за азиско-пацифичка соработка, помошникот-државен секретар Кристофер Хил кажа дека поканата е „уште еден важен чекор“ кон денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.
Претходно, американскиот претседател Џорџ Буш и неговиот јужнокорејки колега Но Му-Хјан одржаа средба посветена на Северна Кореја, која во февруари се согласи да стави крај на својата нуклеарна програма, во замена за политички отстапки и помош во гориво.
Буш кажа дека формалниот мировен договор, што би ставил крај на Корејската војна од 1950-та до 1953-та година, ќе може да биде постигнат само доколку Северна Кореја целосно ја објави и ја укине програмата за нуклеарно оружје.
Буш денесе сретна и со рускиот колега Владимнир Путин. На дневен ред бил и аамериканскиот план за поставување противракетен штит во Централна Европа.