По нивната средба на маргините на самитот на азиско-пацифичките лидери, во Сиднеј, Австралија, претседателот Буш кажа дека тие се договориле да работат заедно во борбата против климатските промени. Тој исто така рече дека разговарале и за Иран, Судан и Северна Кореја, но и за безбедноста на кинеските производи што се продаваат во САД, од кои многу, во последно време не ги задоволуваат американските безбедносни стандарди.
За последнава тема, претседателот Буш кажа дека многу го цени тоа што господинот Ху бил многу јасен и разговорлив во врска со безбедноста на производите.
За последнава тема, претседателот Буш кажа дека многу го цени тоа што господинот Ху бил многу јасен и разговорлив во врска со безбедноста на производите.
Кинескиот лидер не коментираше за ова по средбата со господинот Буш. Но на прес-конференција пред тоа (со австралискиот премиер) господинот Ху нагласи дека кинеската влада ја зема и ќе продолжи да ја зема безбедноста на храната и производите - многу сериозно.
По економски прашања американскот претседател рече дека извршил притисок на господинот Ху да ја пушти слободно вредноста на кинеската валута. Вашингтон вели дека вредноста на кинеската валута вештачки се држи на ниско ниво, што придонесува за пореметен трговски баланс меѓу двете земји.
Белата Куќа вели дека господинот Ху ветил дека пазарот ќе игра поголема улога во кинеската реформа на валутата.