Линкови за пристапност

Австралиската поддршка во Ирак останува цврста


Австралискиот премиер Џон Хауард го увери претседателот Буш дека неговата земја нема да ги намали своите трупи во Ирак.

На заедничка прес-конференција претседателот Буш ја поздрави австралиската поддршка во Ирак и кажа дека има знаци на помирување во земјата иако сеуште е потребен интензивен меѓународен ангажман.

Двајцата потпишаа и нов договор за трговија во областа на одбраната. Утре Претседателот Буш ќе се сретне со лидерот на опозицијата во Австралија, кој вети повлекување на трупите од Ирак доколку ги добие парламентарните избори подоцна годинава.

Повод за нивната средба е азиско-пацифичкиот самит за економска соработка што се одржува во Сиднеј.

XS
SM
MD
LG