Линкови за пристапност

Буш во Ирак: Намалувањето на силите е можно, доколку напредокот продолжи


Во провинцијата Анбар Буш ги пофали напорите што овој регион од жешка точка на сунитското бунтовништво го претвориле во еден од најбезбедните во Ирак.

Но тој повторно инсистираше дека одлуката за повлекување на трупите ќе биде заснована на армиски консултации, а не на политичкиот притисок, или со негови зборови:


-Кога ќе започне повлекувањето на трупите, тоа ќе биде од позиција на сила и успех, а не од позиција на страв и неуспех.

Конгресниот притисок за повлекување се зголеми. Дури и некои Републиканци велат дека стратегијата на Буш не успева. Законодавците ќе добијат целосен извештај од генералот Петреус и амбасадорот Крокер следната недела за ефектот што го има одлуката на претседателот Буш да испрати дополнителни 30 илјади трупи во Ирак.

Во моментов претседателот Буш е во Сиднеј, Австралија, на средбата на азиско-пацифичките лидери.


XS
SM
MD
LG