Линкови за пристапност

Претседателот Буш во ненајвена посета на Ирак


Претседателот Буш, заедно со државниот секретар Кондолиза Рајс и секретарот за одбрана, Роберт Гејтс, вчера беше во ненајавена посета на западната провинција Ал Анбар во Ирак. Тие се на пат за Австралија, каде ќе учествува на Азиско-пацифичкиот самит што се одржува во Сиднеј. Провинцијата Ал Анбар беше позната по огромното насилство, а сега е една од главните безбедносни локации во земјата.

Порпаролот на Пентагон, Џеф Морел изјави дека средбите со високото ирачко раководство може да имаат клучна улога во одлуките на претседателот за идната американска политика спрема Ирак, вклучувајќи го и бројот на трупите.

Морел додаде дека ова можно е да е поледна шанса на Буш да се сретне со главниот американски командант во Ирак, генералот Дејвид Петраус и американскиот амбасадор во оваа земја, Рајан Крокер, пред тие наредната недела да се обратат пред Конгресот, изложувајќи ја актулената ситуација во Ирак.

Нивниот извештај се очекува да содржи проценка за тековните операции на американските трупи во Ирак, новата стратегија против терористите, како и активностите на ирачките лидери и армијата и полицијата во оваа земја кон национално помирување.

Американски претставници велат дека ирачките политичари имаат само неколку месеци да постигнат некој вид на национално помирување во услови на засилена безбедност како резултат на најновите акции.

Претседателот Буш и неговиот тим се сретнаа и со локалните сунитски племенски лидери, чија одлука порано годинава да се дистанцираат од Ал Каида и да соработуваат со американските и ирачките сили, резултираше со драматично подобрување на безбедноста во Ал Анбар.

Висок претставник на Пентагон вели дека одлуката на племенските лидери да соработуваат со владата, се должи на американската определба за враќање на редот и мирот во Ирак. Тој додава дека секретарот Гејтс сака да стори се што е во негова можност, меѓу другото и преку посетата, да помогне во зацврстување на таа соработка, а ќе се залага и за зголемување на американската и ирачката помош за провинцијата Ал Анбар.

XS
SM
MD
LG