Линкови за пристапност

Загревањето на планетата ќе го влошува времето


Не само Катрина, туку и првата овогодишна поголема атлантска бура, Ураганот Дин, се големи потсетници за она што научниците го зборуваат последнава деценија – дека времето ќе се влошува со загревањето на планетата.


Ова е научникот Питер Вебстер кој зборуваше на форум во Вашингтон:

-Последниве сто години температурата на морската површина се зголеми за околу 17 целзиусови степени а се случија и многу други промени. Особено порасна бројот на големи урагани од 1900, а посебно 1990, како што покажа Катрина.

Со помош на софистицирана опрема што овозможува прецизна прогноза, научниците очекуваат зголемување на интензитетот и честотата на ураганите во иднина.


Џефри Халверсон е стручњак за времето од НАСА:

-Во ера сме на хиперактивност од 1995. Секоја година потоа имавме поголема просечна активност, а прогнозата е дека тоа ќе продолжи во наредните десет години.

Халверстон вели дека се повисоките температури ќе имаат и други импликации.

-Сушите веројатно ќе станат полоши, а исто и поплавите. Значи, сувите услови ќе станат посуви, а влажните повлажни, во наредните неколку децении.

Џон Копенхавер од Меѓународниот институт за вонредни состојби вака го заклучи форумот:


-Со оглед на сево ова, станува неопходно целата наша култура да се фокусира на подготовка за овие несреќи.

XS
SM
MD
LG