Повикувајќи се на извори од администрацијата весникот вели дека ќе бидат побарани нови 50 милијарди долари за американските армиски операции во таа земја.
Според написот тоа ќе се случи по презентирањето на долго-очекуваниот извештај за состојбата на војната во Ирак кон средина на месецов.
А тоа ќе биде дополнение на 460-те милијарди долари кои се бараат во буџетот за 2008 , и 147-те милијарди вклучени во законот за финансирање на војните во Ирак и Авганистан.
Според Пост, одлуката за нови пари е донесена за да го одрази гледиштето на администрацијата дека нема да попушти на повиците од Демократите во Конгресот да започне повлекувањето на трупите од Ирак.