Линкови за пристапност

Две години од ураганот Катрина 


Обновата на регионот беше бавна и тешка за многумина, и повеќе од 160 илјади поранешни жители до денес не се вратени во домовите.

Но, годишнината го сврте вниманието кон Њу Орлеанс. Голем број кандидати за претседател ги посетуваат најтешко погодените региони. Марк Халперин од магазинот Тајм објаснува зошто:

-За Африканските-Американци, не само во областа на Заливот туку во целата земја, одговорот на Катрина, покажувањето дека дека го разбирате проблемот, е голем поен во борбата за номинација во Демократската партија.

Администрацијата на Буш беше широко критикувана за ненавремена реакција. Но, денес претседателот Буш е на 13-та посета на Њу Орлеанс по невремето.


Федералната влада вети милијарди долари за реконструкција. Во Конгресот чека на одобрување уште 1,9 милијарди само за зацврстување на насипите што го штитат Њу Орлеанс од поплави.



-Ќе сториме се што треба. Ќе им помогнеме на граѓаните да ги изградат повторно нивните заедници и животи- кажа претседателот.

Тројца претседателски кандидати, Барак Обама, Хилари Клинтон и Џон Едвардс, неделава се во Њу Орлеанс, ветувајќи забрзување на напорите за реконструкција.


Катрина уби околу 1800 лица во областа ан Заливот, а стотици илјади останаа без покрив над главата.


Сликите на поплавени области се моќни потсетници на тешкотиите што природата може да ги донесе. Зошто тогаш да се вратат?


Затоа што ова е дом, велат оние кои ги издржале и сеуште ги издржуваат сите искушенија да се вратат таму.

XS
SM
MD
LG