Линкови за пристапност

САД: Врховниот обвинител Роберто Гонзалес поднесе оставка


Според владини претставници, врховниот обвинител ја поднел оставката во писмена форма во петокот. Алберто Гонзалес ја напушта функцијата по серија повици од опозиционите демократи, но и од дел од владеачките републиканци да го стори тоа поради случајот со отпуштање на осуммина федерални обвинители минатата година. Многумина во Конгресот сметаат дека отпуштањата се политички мотивирани. Претседателот, пак, го поддржуваше Гонзалес цело време додека траеше контроверзата.

Тој е првиот врховен обвинител од латиноамериканско потекло, а претходно беше Правен советник на Белата куќа од 2001-ва до 2005-та. Гонзалес е третиот по ред виш претставник на владата на Буш кој заминал од функцијата од минатата година – наваму. Претходно месецов, Белата куќа ја напушти Карл Роув, главниот политички советник на претседателот.

XS
SM
MD
LG