Линкови за пристапност

Здрава „брза храна“


Ова е на што луѓето обично помислуваат кога ќе речете брза храна е хамбургер и помфрит – полни со маснотии и сол и за чија штетност по здравјето досега е многу кажано.

Нов ресторан во Калифорнија, наречен „Посно и зелено“, нуди нова претстава за брзата храна, специјализирајќи се на органски производи, одгледувани без хемикалии. Ова е основачот Мигуел Патерсон:

-Основната причина поради која луѓето денес не се хранат здраво и не се здрави е што никогаш немаат доволно време и ќе го земат за јадење првото што ќе им дојде до рака.

„Посно и зелено“ служи салати, здрави состојки завиткани во палачинка и фрапеа што изобилуваат со протеини.

Сите состојки на храната се одгледуваат локално и без ѓубрива, пестициди и адитиви. Храната е без големи маснотии и сол. Бизнис-картичките на ресторанот се направени од семе на диво цвеќе. Амбалажата за храна е разградлива, исто како и лажиците и вилушките.

„Посно и зелено“ веќе планира да се прошири. Кој знае – можеби овој ресторан ќе ја промени нашата претстава за брзата храна.

XS
SM
MD
LG