Линкови за пристапност

Како изгледа работниот ден на еден американски полицаец?


Поради начинот на кој се портретираат во холивудските филмови, американските полицајци обично ги замислуваме во вратоломни автомобилски потери и драматични апсења на криминалците. Но, како навистина изгледа еден ден во животот на оние кои во САД се грижат за одржување на редот?

Полицаецот Реј Голден се подготува за редовна патрола во гратчето Александрија, сојузната држава Вирџинија, во непосредна близина на Вашингтон. Голден веќе пет години работи за Полициската станица во Александрија. Toj вели:

-Тоа е гордост. Тука пораснав. Отсекогаш сакав да работам за оваа станица. Овие луѓе ми се како семејство. Уживам во работата, во тоа да можам да дадам нешто назад на местото каде пораснав.

Голден добива повик дека во продавница во близина се огласил аларм. Кога пристигна на локацијата, друг полицаец веќе беше таму – На крај испадна дека се работи за лажен аларм.

Тоа е суштината на полициската работа – да бидете подготвени да се справите со - неочекуваното.

Шефот на полициската станица Дејвид Бејкер има 30-годишно искуство и раководи со 300 полицајци:

-Полициската работа во САД е на некој начин благороден повик. Не ја прифаќате толку за парите колку за чувството дела чините нешто за општо добро.

Голден коментира дека луѓето не секогаш ја ценат полицијата:

-Мислам дека генералната претстава за полицијата е – никој навистина не не` сака се` додека не сме им потребни. Никој не сака да биде запрен за брзо возење и да добие казна. Но кога некој ќе им провали дома, не` бараат и не` ценат.

Голден продолжува со редовната патрола. Засега е мирно, но тој е подготвен да го очекува – неочекуваното.

XS
SM
MD
LG