Во говор пред воени ветерани во Канзас Сити, сојузната држава Мисури, Џорџ Буш го спореди конфликтот во Ирак се минатите американски армиски операции во Азија и исламските екстремисти со јапонските милитаристи во Втората Светска војна и комунистите во Кореја и Виетнам за време на Студената војна. Тој кажа дека „американската трпеливост и истрајност“ во Азија довела до тоа овој регион да стане демократски и пропсеритетен.
Вчера Буш призна дека постои фрустрираност во врска со сегашната влада на ирачкиот премиер Нури ал-Малики, но дека е до Ирачаните - доколку не се задоволни од неа - да решат дали ќе ја менуваат, а не до американските политичари.