Линкови за пристапност

Ураганот Дин се движи кон Мексико


Мексико и Белизе упатија тревога за ураганот Дин што продолжува да се движи низ Карибите во правец на Мексиканскиот Залив, носејќи поројни дождови и ветришта од над 240 километри на час.

Вчера невремто ја погоди Јамајка. Земјата подготви засолништа и го исклучи напојувањето со електрична енергија, а штетата допрва треба да биде проценета откако ќе биде укината опасноста. Метеоролозите предупредуваат дека ветриштата на Дин може уште повеќе да добијат на сила кога ќе допрат до мексиканскиот полустров Јукатан доцна денеска или утре.

XS
SM
MD
LG