Новите податоци од Американското пописно биро покажуваат дека црнците, азијатите, Латиноамериканците и другите малцински популации се шират во многу општини каде белците беа доминатно население. Експертите велат дека промената може да предизвика затегнатост во расните релации и имигрантските врски, особено во малите места.
Големите американски градови долго време беа центри на разновидност, каде многу малциства и имигранти најдоа дом. Новите бројки од Американското пописно биро сугерираат дека малцинските заедници се шират во неколку делови на земјата, така што сега во една на секои 10 општини, има повеќе малцински жители отколку белци.
Емили Ајзенхауер од Меѓународниот Универзитет во Флорида дава конкретен пример:
- Имигрантите и латиноамериканските семејства се иселуваат од Мајами и се населуваат во помалите општини во северна Флорида. Тоа е тренд, и не би изненадило кога би продолжил и во другови делови на земјата.
Аналитичарот Алехандро Анги додава дека многу малцинства се селат од големите градови во потрага по истиот комфорт како и другите Американци:
-Независно дали сте афро-Американец, од Азија, Јужна Америка - откако ќе фатите корен во САД, започнувате да разлислувате и реагирате како типично американско семејство и да ги барате истите работи - поголема куќа, работно место во непосредна близина.
Постои загриженост дека демографските промени може да предизвикаат негативна реакција кон имигрантите, особено во малите општини каде етничката разновидност е новина. Па сепак, експертите предвидуваат дека разновидноста и во иднина ќе биде заштитен знак на САД. Американското пописно биро прогнозира дека до 2050-та, малцинството ќе претставува половината од населението.