Линкови за пристапност

Пeру:  расте бројот на загинати


Бројот на повредени сега изнесува преку 1.500. Потресот од 8 степени според Рихтеровата скала со епицентар 150 километри јужно од главниот град Лима уништи голем број објекти, особено во јужното перуанско крајбрежје.

Властите претпоставуваат дека бројот на жртви ќе нарасне поради големото разурнување во градот Писко, каде се урнал кровот на локалната црква додека траела богослужба. Оштетените патишта ги отежнуваат спасувачките акции и хуманитарната помош. Земјотресот остави поголем дел од земјата во темница. Претседателот Алан Гарсија објави вонредна состојба. Понуди за помош пристигаат од целиот свет. Американскиот претседател Џорџ Буш упати сочувство до Перуанците. Американските власти ќе испратат 100 илјади долари итна помош и екипи за итна интервенција.

XS
SM
MD
LG