Поранешниот судија во Националната кошаркарска асоцијација Ен-Би-Еј Тим Донахју се предаде на полицијата и се изјасни за виновен по обвинението дека се обложувал на натпревари на кои судел самиот.
Донахју, кој 13 години судеше во лигата, исто така потврди дека на соработниците во шемата им давал информации на која екипа да се обложат и добивал пари доколку таа екипа победи. Комесарот на Ен-Би-Еј Дејвид Штерн по повод скандалот изјави дека во него не се вмешани други судии, играчи или тренери.