Бројот на загинати во нападите со четири камиони-бомби во вторникот во две села западно од градот Мосул се накачил на најмалку 400, соопшти ирачкото министерство за внатрешни работи. Ова е најсмртоносен напад во Ирак од инвазијата врз земјата под американско раководство во 2003-та година.
Ирачки војници, полицајци и волонтери и натаму извлекуваат тела на загинатите во провинцијата Нинива. Илјадници повредени се хоспитализирани.
Цел на нападите беа припадници на старата верска секта Јазиди – немуслиманска заедница која говори на курдски - а која сунитските милитанти ја сметаат за неверничка.
Во централен Багдад вчера во експлозија на автомобил-бомба загинале најмалку седум лица, повредени се 15, соопшти ирачката полиција.
Американските команданти во Ирак ја обвинуваат Ал-Каида за нападите и тврдат дека терористичката организација со нив се обидува да го минимизира напредокот на американските и ирачките сили.