Линкови за пристапност

Акција на коалиционите сили против терористи во областа Тора Бора во Авганистан


Во акцијата учествуваат неколку стотици американски и авганистански војници и веќе трае неколку дена. Цел се базите во близина на авганистанско-пакистанската граница, вели портпаролот на коалиционите сили, капетан Ванеса Бауман. Коалиционите и НАТО сили во минатото беа на удар на критики поради случајни и несакани цивилни жртви за време на своите акции. При планирањето на оваа, вели Бауман, се водела посебна сметка да се избегнат цивилни жртви. Таа не можеше да потврди дали и пакистанските сили истовремено вршат акција од својата страна на границата.

- Нема информација за пакистанските акции. Можам само да ја потврдам акцијата на авганистанските и американските сили против милитантите во регионот Тора Бора, рече Бауман.

Во Пентагон, портпаролот Брајан Витман кажа дека акцијата е само составен дел од тековната, цитираме, „агресивна офанзивна операција“ на коалиционите сили во Авганистан. И тој не можеше да потврди дали Пакистанците вршат паралелна акција, но затоа коментираше:

- Нашата соработка со Пакистан е мошне добра, особено во пограничниот регион. Имаме механизми да дознаеме што се случува на обете страни на границата.

Витман вели дека акцијата е резултат на добиени разузнавачки информации, но ниту тој, ниту Бауман не можеа да кажат дали цел се вишите лидери на Талебан и Ал-Каида, за кои се претпоставува дека се наоѓаат во овој регион.

XS
SM
MD
LG