Линкови за пристапност

Кејси: сегашната стратегија во Ирак дава резултати, на потег се ирачките лидери


Во најновиот напад, самоубиец активирал автомобил-бомба во конвој во се наоѓал ирачки судија и притоа убил двајца негови телохранители во градот Хила јужно од Багдад.

Американската армија денес соопшти дека најверојатно Ал-каида стои зад вчерашните четири, речиси истовремени напади со камиони-бомби западно од градот Мосул, во кои загинаа преку 200 лица – членови на малцинството Јазиди, инаку стара курдска секта. „Варварски напад врз недолжни цивили“, коментираше Белата куќа по овој повод.

Началникот на Генетралштабот на Армијата на САД Џорџ Кејси вчера на прес-конференција во Вашингтон кажа дека иако таа може да го издржи сегашниот обем на сили во Ирак до наредната година без промени, за создавање стабилно општество ќе биде потребно подолго време. Според Кејси, сегашната стратегија во Ирак дава резултати и сега се на потег ирачките лидери да го сторат својот дел во запирање на насилството.

Портпаролот на Пентагон Брајан Витман, пак, кажа дека најновата американска офанзива во Ирак наречена „Фантомски удар“ има за цел да ги спречи нападите на Ал-Каида и шиитските милитанти непосредно пред објавувањето на американската проценка за безбедносната ситуација во земјата во септември. Многумина во Конгресот на извештајот гледаат како на мошне важен фактор за тоа дали би бил оправдан натамошниот американски ангажман во Ирак.

XS
SM
MD
LG