Линкови за пристапност

Новата американска офанзива во Ирак со цел да спречи пораст на насилството во клучно време


Според портпаролот Брајан Витман, Ал-Каида и други групи во Ирак најверојатно планираат серија напади во обид да го минираат претстојниот американски извештај за ситуацијата во земјата и последоваталната дебата за него во Конгресот. Новата операција, наречена „Удар на фантомот“, е замислена како превентивна акција:

- Непријателите на Ирак исто така знаат дека во септември ќе правиме проценка, и ќе се обидат тоа да го искористат. Оваа офанзивна операција има зе цел да ги одврати.

Операцијата што Витман ја опиша како серија на „мошне агресивни акции“ во наредните 30 дена:

- Зголемени офанзивни акции, во кои учествуваат новодојдените засилувањата, со цел да ја подобриме безбедносната ситуација во Багдад, но и да продолжиме со притисокот врз Ал-Каида во Ирак и да спречиме непријателот да врши акции.

Официјални лица предупредија дека периодот до издавањето на извештајот би можел да биде особено крвав, поради тоа што на бунтовниците не им пди во прилог првите лица на САД во земјата да известат дека дошло до значаен напредок на безбедносен план. Многумина во Конгресот на извештајот гледаат како на мошне важен фактор во одлуката дали натамошниот американски ангажман во Ирак е оправдан.

XS
SM
MD
LG