Линкови за пристапност

Ирак:  Нови насилства, продолжува операцијата „Фантомски удар“


Бомбашот-самоубиец го активирал експлозивот во камион на мост во близина на местото Таџи, на главниот автопат што го поврзува Багдад со областите на север. Екзплозијата била толку силна што ја уништила бетонската структура на мостот и турнала три патнички возила во вода.

Продолжува големата операција на американската армија ширум Ирак против милитантите, насловена Фантомски удар. Денес биле убиени четворица, а приведени осуммина припадници на паравоената групација Армија Махди во багдадската област Садр. Армијата тврди дека тие биле вмешани во напади на коалиционите сили и ирачки цивили. Приведени имало и во други акции - во Багдад и северно од градот.

Ирачкиот премиер Нури ал-Малики, пак, неделава подготвува средба на главните шиитски, сунитски и курдски политички лидери во земјата, во обид да ја зајакне поддршката за разнишаната коалициона влада.

XS
SM
MD
LG