Легендата на американскиот безбол стана специјален пратеник за јавна дипломатија на Стејт департментот.
Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс на вчерашната церемонија кажа дека Рипкен е спортска легенда кој ја дефинира американската култура. „Железниот човек на безболот“, како што го нарекуваат поради рекордот на одиграни натпревари без да отсуствува поради повреда, ќе работи со млади ширум светот на промовирање на дијалог меѓу културите и погоемо разбирање за САД. Рипкен, чија прва мисија ќе биде во Кина, рече дека неговото назначување покажува дека безболот надвор од границите на овој спорт може да се употреби за добри цели.