Линкови за пристапност

Дизајн за останатите 90 проценти!


Модниот дизај е тема што најчесто асоцира на луксуз. Но, изложбата во Националниот музеј за дизајн Купер Хјуит во Њујорк е фокусирана на иновативни начини да се одговори на потребите на сиромашните во светот.

Според ОН, 90 проценти од населението во светот нема доволно пари за најосновните животни потреби - животот станува бескрајна борба да се обезбеди доволно вода, храна, засолниште – да се преживее. Изложбата во музејот за дизајн Купер Хјуит нуди поставки што помагаат да се исполнат тие потреби, но и други, како образование, подобра здравстена нега, и работа со која ќе може да заштедите некој денар. Ова е кураторот Синтија Смит:

-Ваквиот дизајн навистина може да влијае врз животот на луѓето. Може да го подобри квалитетот на живеењето, па дури и да спаси животи.

На изложбата има се` и сешто : товарен велосипед, канстри за вода што не мора да ги носите, туку тркалате, цевка што ја прочистува водата за пиење, портабл-направа за наводнување, па се до фрижидер што го задржува зеленчукот свеж со денови:

-Фрижидерот е дизајн на Мухамед Ба Аба, инженер од Нигерија. Тоа се два керамички сада, еден во друг. Меѓу нив има песок. Ставате вода во песокот, и како што таа ветрее, исчезнува врелиот воздух, а останува само ладниот.

Внимание на изложбата привлекоа и шпоретот на сончева енергија изработен од отпадни метали, групата мотоцикли што носат безжичен Интернет од село во село, и мебелот изграден од кутнати дрва по ураганот Катрина.

XS
SM
MD
LG