Линкови за пристапност

БАМ! - нов ресторан што се навраќа на минатото


Американските градови се преполни со ресторани за брза храна како Мекдоналдс, или пак, Сабвеј. Сопствениците на ресторани мора да бидат креативни, за да бидат различни и да ги привлечат муштериите.

Во Њујорк неодамна беше отворен БАМ! - ресторан на 55-метри квадратни, но без маси и столови. Еден од ѕидовите е претворен во излог, каде како и во автоматите, со парички се купуваат сите видови на оброци, од седвич со кашкавал до корн-дог.

Лоциран меѓу јапонски ресторан и салон за тетовирање, БАМ! е навраќање на популарните автомати од 20-от век. Основачите Дејвид Леонг и Нобу Ниген велат дека сакаат новата генерација њујоркчани да почувствуваат како било порано.

Но, БАМ! не е реликвија од минатото. Со розе ѕидови, неонски светла и азиска и американска храна, БАМ! е нов естаблишмент.

Муштериите особено ги привлекува што без многу чекање и директно од излогот избираат што ќе јадат:

Основачите на БАМ! гарантираат дека оброците што ги продаваат нема да имаат ист вкус како оние купени од автоматите на пари. Успехот на БАМ! и повторната популарност на автоматите сугерира дека индустријата со брза храна можеби треба да погледне назад во времето и да стане „ретро“, за да остане конкурентна во иднина.

XS
SM
MD
LG