Линкови за пристапност

„Фантомски удар“ против Ал-Каида и екстремистите во Ирак


Американската армија започна главна офанзива ширум Ирак против екстремните милитанти. Во армиското соопштение стои дека операцијата наречена Фантомски удар „се состои од истовремени акции ширум Ирак фокусирани на гонење на терористи на Ал-Каида и екстремисти кои ја имаат подршката од Иран“.

Претходно, официјални лица соопштија дека во рација во шииитската багдадска област Садр рано утрово коалиционите сили убиле неколку милитанти и фатиле 13 шверцери со оружје поврзани со Иран.

Вчера, ирачкиот премиер Нури ал-Малики повика на средба на политичките лидери во обид да ги надмине поделбите што ја блокираа владата. Според американски официјални лица, постигнувањето на национално помирување и усвојувањето на најнеопходните закони се предуслов за ставање крај на бунтовништвото во земјата

XS
SM
MD
LG